Винарската визба „Тиквеш“ е предводник на винската индустрија во регионот и е препознатлив бренд во светот, бренд со кој се гордееме сите. Успешната приказна за нашата компанија ја градиме со децении, континуирано вложувајќи во технологија и знаење за производство на врвни производи. Развојот и унапредувањето на човечките ресурси се значаен дел од нашиот внимателно дефиниран план за раст и развој на организацијата, при што големо внимание посветуваме на привлекувањето успешни, енергични и посветени кандидати кои би ни се придружиле и би придонеле кон остварувањето на овие цели.
КАКО ДА СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ?
Доколку сте инспирирани од приказната за виното, поседувате амбиција, желба за успех, страст да се приклучите кон нашиот тим и сте подготвени да ги искористите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, Ве молиме внимателно пополнете ја апликацијата и вклучете дополнителни документи, како мотивациско писмо, препораки и сл., соодветни за Вашата област, кои за разлика од апликацијата не се задолжителни, но ќе ни овозможат подобро да се запознаеме со Вас и Вашето искуство.
Заинтересираните кандидати можат да поднесат апликација за активните огласи за вработување, а доколку во моментот нема актуелни огласи или Вие не сте заинтересирани за огласените работни места, сѐ уште можете да аплицирате за работа преку пополнување на општата апликација за вработување . Со пополнување на оваа апликација станувате дел од базата на потенцијални кандидати за работен ангажман во ВВ „Тиквеш“.
Со поднесување на Вашата апликација на еден од нашите активни огласи, го завршувате првиот дел од процесот, по што следува евалуација на пристигнатите апликации и селекција на потесен круг на кандидати. Доколку влезете во потесниот избор, ќе бидете повикани на интервју, кое ќе ни помогне да утврдиме дали заедно ќе можеме да ги оствариме заедничките цели.
АКТИВНИ ОГЛАСИ
Нема активни огласи за вработување.ЗАШТИТА НА НАШИТЕ КАНДИДАТИ ОД ИЗМАМА ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ
Во текот на изминатите неколку години, измамите со регрутирање на нови кадри преку Интернет значително се зголемија. Измамите се движат од креирање лажни огласи за работа до лажно претставување на регрутери. Многу е тешко да се спречат, но, за среќа, има начин за лесно да се препознаат.
Како наши потенцијални кандидати, Ве молиме бидете свесни за следните практики, кои дефинираат автентично искуство за вработување во нашата компанија: