Цените на сите производи се изразени во денари со вклучен ДДВ. За да направи онлајн нарачка, купувачот мора претходно да е регистриран.
По успешно направената нарачка ќе биде испратена електронска порака со сите детали поврзани со нарачката на Вашата електронска пошта за Ваша потврда на истата.
Начин на плаќање
Плаќањето може да го направите на 2 начина:
1. Онлајн со платежна картичка (MasterCard Worldwide, Visa International) уште при самото генерирање на нарачката на Vinoteka.mk
2. При испорака на нарачаните производи и тоа со платежна картичка или во готово
Генерални услови
Со посетата и купувањето преку нашата онлајн продавница се согласувате со наведените услови, чие право на промена е задржано без претходно известување на корисниците на веб страницата www.vinoteka.mk во зависност од промените и условите. Не превземаме никаква одговорност доколку корисникот не ги прочитал достапните информации и услови од оваа веб страница.
Го задржуваме правото на промена на цената на производите без претходна најава на корисниците, во согласност со нашата деловна политика. Доколку нарачката е прифатена, купувачот прифаќа да ја плати цената која е понудена во моментот на процесирање на нарачката, независно од тоа што цената може да биде променета во меѓувреме.
При нарачка, купувачот задолжително ги обезбедува следните податоци: име и презиме на нарачателот, адреса за живеење, е-меил адреса и телефонски број.
Рекламации
Откако ќе Ви биде доставена пратката, ве молиме проверете го производот. Доколку на него има видливи оштетувања или истиот не е во согласност со Вашата нарачка, ве молиме да не контактирате на е-меил адресата contact@vinoteka.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на производите. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе Ве известат за понатамошната постапка во најкраток можен рок.
Поврат на производи
Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.
Во случај на враќање на производи или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, ВВ Тиквеш АД Кавадарци има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.